Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Македонија ја стартува “мисијата “Европско првенство во Хрватска
(ВИДЕО) Македонија ја стартува “мисијата “Европско првенство во Хрватска

(ВИДЕО) Македонија ја стартува “мисијата “Европско првенство во Хрватска

Денес стартува мисијата наречена “Европско првенство 2018“ во Хрватска, за репрезентацијата на Македонија. Ова ќе биде вкупно петто учество за нашата ракометна репрезентација на Европските првенства. Најдобриот успех го направивме во 2012 година, кога на ЕП во Србија успеавме да го освоиме петтото место. На последното вакво натпреварување пред две години во Полска, завршивме на 11-сетата позиција. Сега Македонија е предводена од најдобриот тренер за 2017 година, човекот кој успеа на Вардар да му го донесе најголемиот успех во историјата, освојувајќи ја Лигата на Шампионите и уште четири други трофеи.

Ви пренесуваме едно мотивирачко видео пред денешниот прв меч против Словенија, им посакуваме многу среќа на нашите репрезентативци кои се надеваме дека ќе не израдуваат со победа.