Лука Циндриќ уште од стартот најави дека ќе биде еден од главните играчи на Хрватска на европското првенство. Тој постигна четири голови во победата против Србија (32:22) и беше трет најдобар стрелец во својата репрезентација. Червар има голема доверба во вардаровиот играч, кој е прв избор на позицијата среден бек. Лука беше прогласен за најдобар ракометар на Хрватска, а ЕХФ го прогласи и за најдобар Европски ракометар, во 2017 година.
Неговите голови против Србија беа избрани во едни од најдобрите потези на овој стартен меч од ЕП.