Еден од проектите на ракометната Академија на РК Вардар зимски турнир на Вардар „Еден живот, една љубов″, прераснува во традиција. Идната недела истиот се одржува по четврти пат од формирањето на Ракометната академија Вардар. После три одлични турнира, следи ново издание и нови таленти, кои годинава ќе се натпреваруваат во старосните категории 2002/03, 2004/05, 2006/07 и деца родени 2008 и помали.
За истиот по крајот на празниците почнааа со подготовки ракометните надежи на РК Илинден Вардар. Тренерскиот тандем, Дарко и Александра Јанев вредно ги подготвуваат своите играчи за овој предизвик. Тие по крајот на празниците почнаа со тренинзи во спортската сала “Гоце Делчев“ во населба Илинден, Скопје. Во продолжение погледнeте неколку кратки видеа од нивните подготовки за зимскиот црвено-црн турнир: