Македонија и Германија ги поделија бодовите, во рамките на третото коло од групата Ц, играјќи со нерешен резултат 25:25. Најубавиот гол на натпреварот дефинитивно го постигна капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов кој со “шрауба“ удар и без гледање го погоди голот на Германците. Стоилов успеа а постигне три гола, но овој се најде во центарот на вниманието на лицата кои прават избор на најубави погодоци.
Погледнете го овој гол, кој ретко се гледа на ракометните терени.