Борачкиот клуб Вардар испрати демант до повеќе адреси по повод усните изјави за суспензија на нивниот шеф на стручниот штаб и тренер на македонската селекција, професорот Пешко . Истото е проследено до , УО на ФБСМ , Дисциплинска комисија на ФБСМ и Медиумите . Ние ви го пренесуваме во целост, вооедно изразуваме поддршка до Професорот Пешко и целиот колектив на црвено- црниот клуб . Еве го демантот во целост :
Д Е М А Н Т
На седницата на Управниот одбор при ФБСМ, одржана на 06 Јули 2015, водена од Потпретседателот Бетим Вренези, донесена е нестатутарна одлука со која УО е доведен во заблуда од усното раскажување на Потпретседателот.
Борачкиот Клуб ВАРДАР се изненади од неукоста на УО каде што без да се презентира и даде пишан извештај, без точка на дневен ред околу Европските Игри во Баку, усно искажани одлуки.
Со тоа самото и таа изрежирана постапка, се немало право за суспензија од потпретседателот и УО на ФБСМ, како и тоа дека немало материјал за дискусија (напис од порталот ИПОН http://ipon.mk/?p=8212) и статија од напис (http://ipon.mk/?p=8263) во која се вели, цитат:
„Нема никакво барање од ЕОК, но точно е дека потпиша изјава со која се откажува од каква било функција во македонското борење. Ова поради фактот што на Европските игри во Баку во олимпиското село го видовме Пешко во српска тренерка, иако МОК му ги покри трошоците за подготовки и пат. На Пешко му дадовме и опрема со македонски обележја, но не пречека изненадување во Азербејџан. Моравме брзо да реагираме и тој ја потпиша споменатата изјава која по службена должност ја проследивме до ФБСМ, на нивно барање,“ изјави вчера за sportmedia.mk генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски.
БК ВАРДАР ДОКАЖУВА И ГО ДЕМАНТИРА искажаното од Вренези и Поповски со кое што противречат еден на друг и се докажува дека нема нема никаква основа за казна од ЕОК, а околу спортската опрема со МКД обележја нека потврди лицето што ја подигнало “дека само на Пешко опремата се изгубила на аеродромите“.
БК ВАРДАР тврди дека била прочитана само изјавата потпишана од нашиот Шеф на стручен штаб проф. Љубиша Пешко, со што се сакало со умисла да се доведат во заблуда раководството на УО и пошироката јавност, со цел да се отстрани и суспендира и отстрани најдобриот боречки тренер и стратег. Но, со постапката и начинот на презентација
- формата е изгубена
- нема основа за одлука
- нема пријава
- начинот е нестатутарен,
без да се знае зошто е дадена изјавата и што се бара со истата.
Воедно за настапот на Европските Игри во Баку 2015 тренерот Пешко има доставено извештај до ФБСМ, од кој се гледа дека компетентна и професионална стручна личност.
Дали е ова благодарност за постигнатите резултати?
Резултатите и успесите на борачите на нашиот стручњак се достапни и видливи, со што успеавме како БК ВАРДАР да избориме место од можни 5 дури, 3 борачи да бидат главни кандидати за освојување на Олимписка норма.
Ниту од претставниците на Македонскиот Олимписки Комитет, ниту од ФБСМ како водачи на нашата делегација во Баку не доставиле некој писмен извештај и немало никакви информации за настанот или за “изрежираната“ случка од актерите од кои би произлегла причината за пријава!
Од седницата и постапката се гледа дека одлуката е нерегуларна, званичните лица не ги разбираат и почитуваат правилниците на комисиите на ФБСМ, бидејќи нема званичен ПИШАН извештај и ПРИЈАВА за покренување на дисциплинска постапка.
БК ВАРДАР под инструкции и планска и систематска активност на координаторите (Могамед Ибрагимов, Страшо Глигоров, Гајдар Гајдаров) и тренерот проф. Љ. ПЕШКО, со сопствени средства, енергија, инвентивност и креативност работи на создавање врвни спортисти членови на македонската репрезентација кои се главен костур на Македонската олимписка репрезентација.
Врз основа на ваквите аргументирани согледувања, дополнително ке поднесеме барање за професионален ангажман со договор на дело и назначување на Љубиша Пешко СЕЛЕКТОР на државните репрезентации во борење.
Со почит .
УО на БК ВАРДАР
09.јули.2015 Претседател
Далибор Милановски
______________________