Во текот на денешниот ден во салата “Кале“ се одржува четвртиот зимски турнир „Еден живот, една љубов″ за најстарата генерацијата која е дел од Ракометната академија Вардар, а во која се пријавени само машки тимови. Дуели се играат кај момчињата родени 2002/2003 година. Од утрово се одиграа две кола од првото ви донесовме резултати, во продолжение извештаи и резултати од 2.коло.
Во првиот дуел РК Делчево беше подобар од тимот на РК Балтепе од Тетово со резултат 16-8. На почетокот делчевчани поведоа со 4-1 и најавија дека ќе идат на победа во овој дуел со тимот од Тетово. Во финишот влеговме со предност нивна од “плус шест, 9-3, но во последната шанса тетовските момци намалија на 9-4, резултат кој стоеше на одморот на семафорот во “Кале“.
Вториот дел почна со пеколна игра на тимот од Делчево, кој ги затвори сите приоди кон својот гол тоа резултираше со серија 5-0 со која се оделија на 14-4. Се по оваа серија беше рутина тие умно го приведоа мечот кон крај и триумфираа со 18-6. Кај победникот Трајановски, Милев и Тренчевски погодија по 3 пати, Маноjловски Кристијан кај поразениот тим имаше 4 гола.
Во вториот дуел PK Бисинов и екипата на Опш. Кисела Вода Вардар одиграа реми 12-12. Дуелот почна со по еден гол на двата тима за почетни 1-1. Некаде на средината на првиот дел повторно беше реми, 3-3 на семафорот. Во последната минута влеговме со резултат 5-5, сепак тимот на Кисела Вода погоди за 6-5, резултат со кој се замина на одмор.
Вториот дел почна со подобра игра на Кисела Вода која успеа да се одлепи првпат на “плус три, поведувајќи со 9-6 на овој дуел. Сепак екипата на РК Бисинов Вардар не се предаде и направи пресврт, тие повеода со 11-12 пред самиот крај. Сепак можеби најреално на овој дуел дојде до изедначување 12-12 и поделба на бодовите. Кај Бисонов , Стојанов и Атанасовски постигнаа по 4 гола, кај Кисела Вода- Филип Костов имаше исто така четири гола.
Во третиот дуел од 2.коло РК Преспа од Ресен беше подобра од екипата на РК Кале од Кичево со резултат 18-8. Први со голови овој дуел го отворија Ресенчани кој поведоа со резултат 0-3, сепак со иста мера врати тимот од Кичево и изедначи на 3-3. По ова следеше пеколна серија 7-0 со која на одмор РК Песпа го однесе дуелот со предност од 10-3 и најави победа.
Вториот дел почна ккао и првиот со три последователни гола на екипата на РК Преспа Вардар со кои поведоа со двоцифрени “плус десет“ ,3-13. До крајот се беше рутина па двата тима играа гол за гол што им донесе победа на ресенчани со 8-18. Кај нив Арсовски беше прв стрелец со 7 гола, кај поразените 3 гола имаше Личовски.
Во последниот дуел од ова коло РК Шампион победи со РК Урдаревски со резултат 14-6. На почетокот од дуелот со два гола Шампион поведе со 2-0, а противникот намали на 2-1. Екипата на Шампион од минута во минута го зголемуваше водството па на одмор замина со високи “плус шест“ ,10-4.
Вториод дел беше далеку понеефикаен од првиот период. Двата тима заедно постигнаа шест гола. Во овој дел екипата на Шампион постигна двојно повеќе погодоци, со што ја зголеми разликата. Тие победија со 14-6 на крајот. Кај нив најдобар стрелец беше Соколовски со 3 гола, кај поразените Мисердовски постигна 2 погодока..