Вечерва со почеток од 20:30 часот, Македонската ракометна репрезентација го игра првиот од двата решавачки натпревари за пласман во полфиналето на ЕП во Хрватска. Противник ќе ни биде селекцијата на Чешка, која треба да ја совладаме, ако сакаме да имаме шанси да се бориме за еден од медалите.
Тренерот Раул Гонзалес веќе го објави составот за вечерашниот дуел, а во него се најде и капитенот Кирил Лазаров. Се уште е неизвесно колку ќе може Кире да и помогне на Македонија на натпреварот со Чешка, но сигурни сме дека ќе стисне “заби“ да одигра колку може. Во составот се најдоа и ракометарите на Вардар, Стоилов и Поповски.