Tuesday ,26 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар поразен од ГТЦ, Стојановски одигра на ниво
Куглање: Вардар поразен од ГТЦ, Стојановски одигра на ниво

Куглање: Вардар поразен од ГТЦ, Стојановски одигра на ниво

Завчера во кугланата “Вип“ при Спортскиот центар “Борис Трајковски“-Скопје се одигра меч од  првото пролетно коло од Македонската кугларска лига-МКЛ во кој екипата на КК Вардар го пречека тимот на КК ГТЦ Мусандра. Во ова дерби за второто место во МКЛ гостинот успеа во еден изедначен дуел де победи со минимални 3-5 на крајот.

0

Екипата на  Вардар имаше соборено вкупно 3241 “дрва“, противникот имаше повеќе 55 “дрва“, односно 3296 што им донесе победа односно два поена на крајот откако беше реми 3-3 по поодиграните шест дуели. Во првиот пар за нас настапија капитенот Миле Димковски ( 573, 355+182) и Коста Ристевски (565, 367+198). По овој пар резултатот беше реми 1-1, за нас поентираше Ристевски. Потоа втор пар беше за нас Влатко Стојановски (586, 370+216) кој одигра фенеоменална партија освои поен и не одржа во “живот“ пред третиот пар. Втор член на овој пар беше Поп Крстев ( 123, 89+34) кој беше заменет по првиот сет од Згонц ( 400, 279+127), но неуспеавме да дојдеме до поен па беше 2-2 пред третиот пар. Во последниот пар поениравме со Димитровски Дарко (537, 360+177), а бевме поразени кај Влатко Гиевски/ Бранко Митиќ (493, 342+151).

2

Во сетови на крајот сумирано бевме поразени минимално со еден сет, 12,5 имаше гостинот, а ние 11,5. Кај нас дефинитивно број еден поединец беше Влатко Стојановски кој имаше 586 “соборени дрва“ и го доби во меѓусебен дуел најквалитетиот противнички играч Лазе Анастасов. Стојановски одигра маестрална партија, солидини игри имаа и Димитровски и Ристевски кои поентираа.

4