Македонија загуби од Чешка во неизвесен натпревар и ги загуби дефинитивно шансите за пласман во полуфиналето. Иако во најголем дел од мечот имавме водство, во последните 15 минути имаше голем пад во нашата игра, а Чешка се покажа како психички и физички посилна во решавачките моменти.
Македонија во текот на целото прво полувреме имаше водство, кое најмногу фостигна до четири голови разлика. Испуштивме на одмор да заминеме со поголема предност, но не ги искористивме на најдобар можен начин минутите со играч повеќе. Откако и двете репрезентации го постигнаа својот прв гол на дуелот, Македонија веднаш успева резултатски да се одлепи и со три последователни голови, еден на Ѓорѓиески и два на Миркуловски да поведе со 4:1, во 9 минута од натпреварот. Борко одлично стартуваше на голот и во првите десет минути имаше четири успешни интервенции. Оваа ралика ја одржувавме и во следните три минути, кога со голот на капитенот Лазаров од седум метри поведовме со 6:2, за чесите брзо да вратат со два гола и да намалат на 6:4. На позицијата десен бек играше младиот Велковски, кој после две направени технички грешки, успева да го постигне својот прв гол, за резултат од 10:7. Во моментите кога Пешевски даде гол за 11:7, Чешка доби исклучување, а ибраниците на Гонзалес не успеаа тоа да го искористат. Напротив Чешка намали на два гола негатива (12:10), за во последната минута од мечот двете репрезентации да постигнат по еден гол и на одмор да се замине со резултат 13:11.
Добро го апочнавме второто полувреме кога по девет минути игра, Македонија постигна четири гола, додека противникот само еден. Ристовски стигна до својата осма одбрана, а блесна Филип Талевски кој со два гола во серија и носи на Македонија најголеми пет гола разлика (17:12), што беше знак за тренерот Јан Филип да повика минута одмор. Откако противникот намали на три гола разлика, врати Стоилов кој со својот четврти погодок вечерва зголеми на 21:17, во 45 минута од мечот. Неколку наши грешки и овозможија на Чешка да го израмнат резултатот на 22:22, откако претходно зицер удар промаши Дејан Манасков. Голманот на честите најголем виновник за пресвртот и за триумфот на неговата репрезентација. Одбрани удари од седум метри на Лазаров и на Манасков, кој по истекот на времето можеше да донесе барем еден освоен бод, но тоа не се случи. На крајот конечен резултат од 24:25 за Чешка.
Прва е селекцијата на Данска која има 6 бодови, додека на второто, третото и четвртото место се Шпанија, Германија и Чешка, со 4 освоени бодови. Македонија и Словенија се на последните две места во групата, со по 3 освоени бодови.