Вчера во германската Бундес лига на програмата беше реванш дуелот во финалето на истата. Во овој дуел повторно се појави на душекот позајмениот борец од БК Вардар, нашиот репрезентативец Владимир Егоров. Тој успеа да биде борач кој во својата биографија впишал одбрана на Бундес “насловот“. Па така неговиот СВ Бургхaусен се сретна со Кoллербaх во големото финале и обезбеди шампионска титула.
Егоров се сретна со Микаил Саба ( Молдавија) светски универзитетски вицешампион до 70 килограми и “бронзен“ од светското првенство во 2014 година во категоријата до 65 килограми. Нашиот Влади според зборовите на Проф. Пешко беспотребно беше “фрлен во оган“ и се натпреваруваше во категоријата до 71 килограм, односно во три категории повисоки над неговата. Тоа можеше да донесе повреда. Несомнено е големо признанието кое го заслужува нашето момче, тој три години по ред е дел од Бундеслигашкото финале, а втора година по ред е во “златниот тим“ односно освојувачот на истиот.