Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Саша Ќириќ за Вардарфанс : За мене позитивен резултат од Кипар е реми !
Саша Ќириќ за Вардарфанс : За мене позитивен резултат од Кипар  е реми !

Саша Ќириќ за Вардарфанс : За мене позитивен резултат од Кипар е реми !

Во пресрет на утрешниот дуел на црвено- црните со Апоел во Никозија, нашата редакција зема изјава од легендата на македонскиот фудбал Саша Ќириќ . Решивме како познат познавач на фудбалските прилики да сподели свое мислење за нашите фанови. За  Саша не треба да се трошат зборови, тоа е фудбалерот кој бомбардираше во почетните години од создавањето за македонскот фудбалски шампионат  во дресот на Вардар , човекот кој е икона во Нинберг , рекордерот во неколку категории во мак.фудбалот , човекот со богата клубска и репрезентативна кариера и.т.н

Саша моментално е на фунција во македонската фудбалска федерација, каде со своето искуство се обидува да му помогне на мак фудбалот, го запрашавме како се снаоѓа на истата ?

- Задачата и фунцијата во ФФМ целосно ме исполнува . Ја извршував фунцијата  технички менаџер на младата селекција а сега истата ќе ја имам и во А-селекцијата. Со голема леснотија ги извршувам задачите бидејќи ми се познати фудбалските прилики. Сега со А-тимот заедно со нашиот селектор ќе се обидеме да подобриме некој работи кој не фунционираат во селекцијата. За жал овој квалификациски циклус е изгубен , но со работа и ангажман ќе се потрудиме во наредниот циклус за Светското првенство во Русија 2018 да нашата селекција има подобар пласман во групата , а со тоа и на ФИФА ранг листата, да го заземеме местото кое ни припаѓа . Нормално за оваа задача покрај нас ќе треба да вложат труд , желба и напор и самите фудбалери за да ја постигнеме целта .  

Ќириќ е носител на многу рекорди со црвено – црниот состав од првите години на македонскиот фудбал. Го запрашавме како гледа на тоа дека и две децении подоцна се уште е најдобар стрелец во ПМФЛ во една сезона ?

  •  Горд сум , а кој не би бил горд на фактот што во најквалитените години на мак.фудбалот сум носител на рекорди кои и ден денес се недостижни за нашите фудбалери. Покрај рекордот за најмногу голови горд сум и на рекордот дека сум играч кој нема зад своето име  впишано првенствен пораз. Рекордите кои ги остварив од 35 и 36 гола во мак.лигата и ден денес се недостижни . Сепак денес имам една желба да се појави домашен играч кои тие ќе ги сруши . Со тоа македонската фудбалска репрезентација ќе добие  профил на играч кој ни недостасува- врвен реализатор . Уште подраго ќе ми биде доколку тоа биде фудбалер на мојот Вардар .

Господин Ќириќ каква е вашата оценка  за исходот од утрешниот дуел со АПОЕЛ ?

  •  Дефинитивно мора да знаеме дека утре Вардар го чека исклучително тежок меч . За жал во последните години Вардар имаше лоша ждрепка, повторно ни се падна тежок противник во Лигата на Шампионите . Апоел е силен тим но велам : ВАРДАР Е ИМЕ , ВАРДАР Е ГОЛЕМ ТИМ . Посакувам добра игра да не се напаѓа премногу, туку во моменти кога ќе се укаже прилика за офанзивна игра .

За крај која е ваша желба за резултат на првиот меч во Никозија  ?

  • За мене позитивен резултат од Кипар е реми . Шансата нормално е во Скопје пред домашна публика . Комити ќе бидат огромна поддршка за вардарците и очекувам да направат прекрасна атмосфера . Се надевам на полн стадион и во Скопје да се реши позитивно двомечот за нас , изјави Ќириќ за Вардарфанс.

Михајло Тушевски