Вчера во Анталија, ФК Вардар стигна до втората победа на контролните натпревари во Турција. Вардарци дојдоа до висока победа дуелот со екипата на Заглебје (Полска) со резултат од 3:0 (1-0). Стрелци на головите беа Блажевски во 40 минута, потоа Фелипе во 48.минута и Барсегјан во 58. минута од дуелот.
