На денешното собрание на РФМ, претседателот Живко Мукаетов направи анализа на завршеното ЕП во Хрватска, на кое нашата репрезентција го освои десеттото место. Тој смета дека сме можеле да ивлечеме поволен резултат од дуелот против Чешка, кој на широко ќе ни ги отвореше вратите за пласман во полуфиналето, или евентуално во броба за петтото место.
-Сметам дека можевме и моравме да излечеме повеќе од мечот со Чешка. Пад на концентрација, но и долгото првенство го направија своето. Сепак за во иднина очекувам одредени поединци да ги остават личните суети во Скопје бидејќи јунаците на мака се познаваат.
Мукаетов искажа задоволство од стручниот штаб, со искрена надеж дека Гонзалес ќе остане селектор на Македонија.
-Сакам да испратам комплименти до стручниот штаб и до Раул Гонзалез за кого се надевам дека ќе остане и понатаму во репрезентацијата. Сега треба да останеме фокусирани на следниот проект – пласман на СП, истакна Мукаетов.