Интернационалецот од Камерун, Кларенс Жуниор Битанг е новиот играч кој се приклучи на подготовките на Вардар во Анталија. Тој игра на средината на теренот и се очекува да ја потполни празнината после заминувањето на Николов и Спировски.
Во својата кариера има играно за екипи од Камерун, Тајланд и Грција. Настапуваше во Лес Астрес во својата родна земја, потоа во Тајланд во екипите на Вуачон Јунајтед, Бурирам Јунајтед, Чаинат пред да се пресели во Грција и да биде дел најпрво од Панилијакос, Олимпијакос Волос и Агротикос. Последен клуб му бил Унион Дуала.
Доколку ги помине потребните медицински прегледи во Скопје, Битанг ќе биде новото засилување за црвено-црните, во борбата за двојната титула во Македонија.