“Ланксес арената“ и оваа сезона ќе биде домаќин на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во Лигата на Шампионите. ЕХФ и Келн имаат договор кој започна од 2010 па се до 2020 година, за организација на Ф4 во оваа арена, која повторно ќе биде седиште на најдобрите тимови кои ќе се борат за Европската титула. Неа ја брани екипата на Вардар, која се надеваме дека ќе гледаме и оваа сезона, односно на крајот на месец мај. За разлика од минатата, оваа сезона завршниот турнир ќе се одигра малку порано, односно на 26 и 27-ми мај.
Се надеваме дека Вардар ќе игра повторно во големото финале на ЛШ и ќе го одбрани трофејот.