На традиционалното издание на “Златна Бубамара; ракометниот клуб Вардар доби уште едно големо признание, а тоа е наградата, најпопуларен клуб – Спортски херои за 2017 година”. Синоќа на телевизијата Канал 5 се емитуваше “Златна Бубамара“, настан кој се случи во четвртокот. Додека нашите играчи се искачуваа на бината громогласен аплауз добија од публиката во салата „Борис Трајковски”, а хорот „Мирче Ацев„, Наум Петрески и Виолета Томовска ја пееја „Ој Вардаре”. На крајот говор имаше капитенот, Стојанче Стоилов кој истакна дека неговите соиграчи се најголеми амбасадори на Македонија, која ја сакаат како свој втор дом.
-Овој тим тука заедно со целата организација на Вардар, минатата сезона направивме огромен успех, ја израдувавме целата нација, освојувајќи ги сите можни трофеи, на чело со Лигата на Шампионите. Овие момци од кои голем дел не се родени тука, се едни од најголемите амасадори на државава. Јас знам со сигурност, бидејќи живеам со нив секој ден, тие го сакаат Скопје и Македонија како втор дом, а за тоа сте заслужни сите вие. И оваа година сме на добар пат и спортски е да се надеваме дека имаме шанса да го повториме успехот од минатата сезона, но и да не го повториме ве молиме немој да не “плукате„. Навивајте за нас, навивајте за Вардар, сакајте ја Македонија и запомнете, “Скопски Вардар е Европски првак„