Во недела на арената “Филип Втори“, Вардар ќе биде домаќин на екипата на Силекс, во рамките на 22 коло од првата македонска фудбалска лига. ФФМ денес ги делегираше судиите за мечевите од колото кое требаше да се одигра во среда, но беше одложено поради лошите временски услови.
Димитар Мечкаровски е одреден за главен судија, на натпреварот на Вардар и Силекс. Црвено-црните ќе се обидат да се вратат на победите во лигата, откако во претходното коло го загубивме градското дерби.