Пионерите на ракометниот клуб Вардар немаа поголеми проблеми да стигнат до нова победа во рамките на групата 1. Избраниците на Андријана Будимир беа подобри во дуелот кој се играше во салата “Кале“ со помладиот состав на РК Аеродром 1, кој го совладаа со резултат 33:6.
Вардар во 11 минува стигна до двоцифрена предност, кога погоди Бојан Чакалиќ, за предност на црвено-црните од 10:0, додека својот прв гол гостинската екипа го постигна дури во 12 минута од натпреварот, за да го намали резултатот на 12:1. Неколку наши избрзани грешки не ни дозволија поголема предност, па по истекот на првите 20 минути, резултатот беше 14:3. Мора да се напомене дека нашиот голман, Леонид Чорогунов имаше неколку успешни интервенции.
Супериорни вардарци и во второто полувреме, во кое му доволија на Аеродром да постигне само три гола. Серија на Вардар од 12 последователни голови, за избраниците на Горан Стојков својот втор гол да го постигнат во 33 минута од мечот. Со два последователни голови на Мишевски, црвено-црните зголемија на 19:3, за во 29 минута со погодокот на Калајџиески да зголемиме на убедливи 23:3. Тренерот на Вардар, Андријана Будимир им даде шанса за настап на сите играчи, кои беа на располагање за денешниот дуел. Најголем дел од играчите се запишаа во листата на стрелци на мечот, кој заврши со конечен резултат од 33:6.
Најефикасен во нашиот состав беше Симон Калајџиески кој постигна 6 голови. Ова беше осма последователна победа за пионерите на Вардар во рамките на групата 1 од пионерската лига, со која се зацврстија на првото место на табелата, пред екипата Шампион.
Вардар: Мишевски 4, Чакалиќ 3, Павловски 2, Трајановски 2, Жерновски 4, Ташевски 1, Атанасовски 1, Ангеловски, Петков 2, Чорогунов 2, Јанчев , Грујовски, Трајчевски, Савревски 4, Димчевски 2, Калајџиески 6.