Вардар ја заокружи групната фаза од Лигата на Шампионите, како првопласиран тим и обезбеди пласман во 1/4-финале. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански во последниот дуел од групната фаза се сретнавме со екипата на Висла Плок, нашиот тим одигра реми 31-31.
По неколку промашувања на двете страни први со гол дуелот го отворија гостите кои погодија за 0-1 во 3.минута. Ние вративме преку Циндриќ и изедначивме на 1-1. Потоа се играше постојано гол за гол, едниот тим поведуваше со гол предност другиот изедначуваше. Точно на средината на првиот дел при истекот на 15.минута Циндриќ погоди за резултатска симетрија на семафорот во “Јане Сандански“, 7-7. Следеше период во кој гостинот се одлепи, тие со три последователни гола поведоа со 7-10 во 18.минута што беше “аларм“ за Раул Гонзалес да побара прв тајм-аут за црвено-црната клупа. Во игра беа уфрлени Милиќ, Поповски, Карачиќ и Македа со цел да се смени ритамот на дуелот. Тоа донесе размрдување во нашите редови, па набрзина се вративме. Во 24.минута по голот од контра на Дибиров изедначивме на 12-12, по што очекувано клупата на Висла веднаш побара минута одмор. Повторно во продолжение се играше како и во поголем дел од првиот дел, игра гол за гол. На 40.секунди до крај ние преку Карачиќ од пенал изедначивме на 16-16, Висла имаше напад кој не го реализираа поради одличната одбрана на Милиќ-Џамбо. Со овој реми исход се замина на одмор.
Први со гол вториот дел го отворија гостите кои поведоа со 16-17, ние веднаш вративме и изедначивме на 17-17. Следеа во продолжение гостите поведоа со 18-19, ни ние со два гола го преземавме водството и поведовме со 20-19 што беше аларм за гостинската клупа да бара тајм-аут. Постојано резултатот беше изедначен и во вториот дел, двете екипи постојано беа околу реми исходот па така на средината од вториот дел, во 15.минута на семафорот стоеше резултатот 22-22. При резултат 24-24, на сцена стапи Дибиров Тимур кој со два гола успеаа првпат да не одлепи на плус два, 26-24 во 20.минута. Во последните пет минути од овој натпревар повторно влеговме со реми на семафорот, 27-27 гостите се бореа постојано бидејќи само победа од овој дуел ги оставаше во игра за 1/8-финалето во ЛШ. Во последните две минути влеговме со резултат 29-29, и пенал за вардарци кој во гол го претвори Циндриќ за 30-29. До крајот имаше драма , двата тима можеа да победта, но дуелот заврши реми 31-31.
Кај нас Карачиќ Игор имааше 6 погодоци колку и другиот хрват Лука Циндриќ, апак Тимур Дибиров беше стрелец на 4 погодоци.