Селекторот на Македонија до 21 година Благоја Милевски ќе организира селективен тест натпревар за репрезентацијата до 21 година против тимот на Работнички. На списокот на Милевски се најде и голманот на Вардар, Филип Илиќ.
Повикани играчи:
Томас Божиновски, Ристе Јанков, Филип Илиќ, Филип Стојановски, Дин Аломеровиќ, Нехар Садики, Бесарт Кривањева, Давид Атанаскоски, Стефан Костов, Калвин Н`Сомбо, Изет Ајрулаху, Арменд Далипи, Омар Имери, Андреј Лазаров, Петар Крстиќ, Влатко Стојановски, Марио Крстовски, Христијан Велиновски и Валон Етеми.
Натпреварот ќе биде одигран утре од 14 часот на теренот на тренин-центарот „Петар Милошевски“.