Во саботата се одигра најважниот дуел за црвено-црните оваа сезона, дербито за “сребрената позиција“, ривал во истото ни беше тимот на КК ГТЦ Мусандра. Таа екипа како нас по 12.кола имаше по 16 бодови на своето конто. Дојде дербито, сабота, наутро Вардар имаше неколку играчи вон стројот останаа малкумина од кој требаше да се изгради тим за пеколниот меч. На тренерот Димитровски падна голем товар, да направи тим кој ќе влезе во костец со во тој момент подобриот тим, кој згора игра и на свој терен. Но кога е најтешко вардаровиот “феникс“ се издигна и победи во дербито со 2,5-5,5 (10,5-13,5, 3180-3182), распоредот кој го направи нашиот кормилар донесе победа. Со оваа победа ние ја зграбивме “сребрената“ позиција во МКЛ, додатна тежина има тоа што е остварена на гостински терен и во моменти кога имаме одредени проблеми со повредени играчи. Во продолжение за овој натпревар разговарме со “главниот виновник“ нашиот кормилар, тренерот на црвено-црните искусниот предводник, Драги Димитровски.
Победата има големо значење за нас, во борбата токму со екипата на КК ГТЦ за второто место во македонската кугларска лига. До крајот на сезоната има уште две кола, тие имаат полесен распоред, но ние ќе се бориме до крај за втората позиција во лигата. Беше тежок дуел, игравме против тим кој во своите редови има поранешни репрезентативци кои сеуште вредат во оваа лига. Сепак не пресуди тој квалитет кои го поседуваа во овој дуел, за разлика од нив ние имавме големи проблеми со ростерот со повредени и болни играчи. Моите момци играа со срце на овој дуел, тоа донесе победа на крајот.
Победивте на гости кога речиси се беше против вас, имавме послаба форма од ривалот поради постојаните проблеми со повреди и изостаноци во тимот, игравме на нивни терен против навистина квалитетен домашен колектив. Сепак правилното поставување на тритте пара кои настапија и неговите совети донесоа триумф.
Познато е дека- храбрите ги следи среќата, тоа бевме ние на мечот со КК ГТЦ. Пофалба за сите мој играчи, немам примедби на нивниот настап, само пофалба за сите мои куглари, но сакам да го истакнам Дарко Димитровски кој е голем борец. Тој успеа со две “врзувања“ кога беше клучно да поентира и да ја донесе победата. Сите покажаа како се игра со срце за Вардар.
Остануваат две кола до крајот на лигашкиот дел, но и целот распоред од Купот на Република Македонија, нашиот тренер и голем мотиватор ни ги соопштува очекувањата и желбите за преостанатиот дел од сезоната 2017/2018 година.
За остатокот од сезоната мора да кажам дека во лигата веќе се назира расплетот, се надевам дека во преостанатите две кола ќе успееме да ја задржиме втората позиција на која сме во моментот. Во Купот посакувам да се пласираме во финалето, тоа беше наша цел и се надевам ќе ја оствариме. Тоа второ место во МКЛ е “изградено“ од трудот на сите мој играчи, морам уште еднаш да им дадам комплименти на сите. Тие иако имаат работни обврски се предани на клубот, се снаоѓаат да најдат време за мечевите, нивната несебичност и желба е за секоја пофалба. Уште еднаш им велам големо БЛАГОДАРАМ на сите мој девет момци кои ме прават горд што сум нивни кормилар.