Стандардно по завршувањето на регуларниот во машката ракометна Суперлигата, по кој четири тима (Пелистер, Е.Работник, Пролет и Охрид) обезбедија пласманот во плеј-офот, денес во просториите на Ракометната Федерација на земјава беа извлечени редните броеви на екипите за формирањето на паровите од последната етапа во која се придодават и учесниците во СЕХА лигата, нашиот РК Вардар и тимот на Металург.
Ждрепката посака Металург и Вардар да играат во 5. коло и во 10. коло од плеј-офот, односно дербито да се игра на крајот, според овој распоред титулата ќе се додели во последното коло кога ќе гостуваме во Автокоманда на 2/3 јуни. Плеј-офот стартува претстојниот викенд на 24 и 25 март, а разигрувањето ќе трае се до 2 и 3 јуни.