Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Шест играчи од Вардар, ќе бидат дел од фудбалската репрезентација до 16 години, на меѓународен турнир во БИХ
Шест играчи од Вардар, ќе бидат дел од фудбалската репрезентација до 16 години, на меѓународен турнир во БИХ

Шест играчи од Вардар, ќе бидат дел од фудбалската репрезентација до 16 години, на меѓународен турнир во БИХ

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години во периодот од 11-15-ти-април ќе биде дел од меѓународен турнир во БИХ, на кој покрај домашната селекција ќе учествуваат уште и селекциите на Азербејџан и Хрватска.

За овие контролни натпревари, селекторот на Македонија, Марио Вујовиќ повика шест играчи од фудбалскиот клуб Вардар. Се работи за Анатолиј Петејчук, Али Асани, Фисник Салиу, Азер Омерагиќ кои настапуваат за помладите пионери на Вардар, како и Марио Илиевски и Александар Ѓурковски кои се дел од кадетите на клубот.

На 11. април Македонија игра против Азербејџан, два дена подоцна се соочуваме со БиХ, додека на 15. април играме против Хрватска.