Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика: Две недели “огнено крштевање” за Завировски во пресред на Скопски маратон
Атлетика: Две недели “огнено крштевање” за Завировски во пресред на Скопски маратон

Атлетика: Две недели “огнено крштевање” за Завировски во пресред на Скопски маратон

Својот втор настап сезонава нашиот атлетичар, Петре Завировски ќе го има на 6 мај (недела) на полумаратонската трка во рамките на Скопскиот Маратон.  Тој ќе биде дел од најмасовиниот и најдобро огранизираната атлетска манифестација во земјава.

За нашето црвено-црно момче веќе  е познато е дека  сезоната ја започна на 31.март на полумаратонот “Трчаме кон целта“ каде истрча резултат од 1:22:26. Во изјавата за нас потоа се жалеше на повредата на коленото, но сепак тоа не го скрши неговиот дух на голем борец. По две неделниот лесен тренажен процес со 60% интензитет поради болки во коленото. Завировски го започна огненото крштевање. Во следните две недели ќе одработи силни подготовки со 120% интензитет. Се со цел забрзано да се крене формата и да дојде до резултат под 1 час и 20 минути. Веќе го одработи првиот пеколен тренинг денеска, 15 пати по 400 метри. Интервали со интензитет од 1:10 до 1:11 минути на секоја “четристотка“ со 2 минути одмор.

petre2

Ако се земе во предвид дека Вардарецот располага со неверојатна издржливост, тогаш воопшто не се сомневаме дека ке го изддржи и овој пеколен период на подготовки.