Тимот на ЖРК Вардар успеа да се пласира на завршниот турнир во Будимпешта, откако беше подобар во двомечот од 1/4 против екипата на Митјиланд. За разлика од првиот одигран дуел на гостински терен, црвено-црните беа решени пред својата публика да одиграат подобро, што се гледа и по конечниот резултат. Избраничките на Дибирова цели 15 минути демонстрираа одлична одбрана, кога на противникот не му дозволија да постигне гол, а Вардар направи серија од 8:0. На полувреме беше 17:12, а првиот гол Митјиланд во вториот дел го постигна во 45 минута од мечот.
ЕХФ изработи видео за одличната одбрана која ја постави Вардар во вториот дел.