Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Денес, ЖРК Вардар го дознава својот противник во полуфиналето на Ф4 во ЛШ
Денес, ЖРК Вардар го дознава својот противник во полуфиналето на Ф4 во ЛШ

Денес, ЖРК Вардар го дознава својот противник во полуфиналето на Ф4 во ЛШ

Денес со почеток од 18:30 часот во Будимпешта ќе се изврши ивлекување на ждрепката за полуфиналните двојки во Лигата на Шампионите. Екипите на Вардар, Ѓер, ЦСМ Букурешт и Ростов Дон ќе имаат можност да се борат за Европската титула. Овие тимови успеаа да стигнат до самиот крај на најголемото натпреварување, но сам еден од нив ќе има можност да се радува на трофејот.

Вардарки во четвртфинлето го елиминираа тимот на Митјиланд и тоа откако победија на двата дуели. Во Данска славевме со резултат 23:24, додека на реванштот во арената Јане Сандански бевме супериорни и триуфиравме убедливо 32:25. Двојна победа во оваа елиминациска рунда оставарија и екипата на Ѓер која беше подобра од Будуќност ( 20:26 и 30:28), како и Ростов Дон кој го елиминираше тимот на ФТЦ Будимпешта ( 29:31 и 32:22). ЦСМ Букурешт иако загуби на реваншот во Франција со седум голови разлика (27:20), работата ја завршија на првиот меч пред своите навивачи кога победија со резултат 34:21.

Кој ќе биде последната пречка за црвено-црните до големото финале ќе дознаеме вечерва откако ќе се извлечат полуфиналните двојки.