Пионерите на РК Вардар се шампиони на Македонија, за оваа натпреварувачка сезона. Избраниците на Андријана Будимир вечерва на Кале во големото финале беа подобри од екипата на Аеродром, која ја совладаа со резултат 27:20.
Натпреварот започна со две одбрани на нашиот голман, Леонид Чорогунов, а Вардар прв го отвара резултатот откако успеа да погоди Мишевски. Првиот гол на мечот го постигна и гостинската екипа, но вардарци направија серија од 3:0 и уште на стартот се одлепија на три гола предност (4:1) и тоа со два гола на Бојан Чакалиќ и еден на крилото Калајџиески. Гледавме право финале на Кале, а Аеродром не дозволи уште во првото полувреме да биде решен шампионот, па во 12 минута успеава да стигне на само еден гол негатива, откако со мини серија од два погодоци намалија на 7:6. Грујовски Велимир успева да ја прекине противничкаа серија и со негов гол да поведеме на 8:6, а со нов погодок на Чакалиќ, белите избраници на Будимир да ги вратат оние три најголеми гола разлика (10:7). Неколку избрзани напади на Вардар му овозможија на противникот повторно да се доближи до нашето водство, откако намалија на 11:10. До крајот на првиот дел по еден гол на двете страни, за по истекот на првите 20 минути резултатот да гласи 12:11 а Вардар.
Се што успеа да стори во вториот дел, екипата на Аеродром само во првата минута да го израмни резултатот на 12:12. Разлутени избраниците на Будимир и кажаа “доста“ на екипата на Аеродром, каква серија прави Вардар од 6:0 за да стигне до најголема позитива од шест голови предност (18:12). Одбраната делуваше безпрекорно, а противничките играчи речиси и да не го гледаа голот на Чорогунов, додека во нападот вардарци го полнеа нивниот гол и во овој период го решија победникот во ова големо финале. Немаше сили противничкиот тим за некаква резултатска неизвесност, ниту па возбудувања, избраниците на Будимир имаа целосна контрола на резултатот, а пикерот на Вардар Благој Димчевски донесе највисоки 24:17 за својот тим, додека неговиот соиграч, Калајџиески го доближи Вардар до двоцифрена предност (26:17). На крајот конечниот резултат гласеше 27:20.
Најефикасни во нашиот состав беа Мишевски со 6, додека Чакалиќ и Калајџиески додадоа по 5 погодоци. Најдобар голман на турнир е Леонид Чорогунов од редовите на Вардар.
Заслужен трофеј за пионерите на Вардар, кои во целата сезона имаа 14 победи од исто толку одиграни натпревари, бројки кои говорат за доминацијата на црвено-црните избраници на Будимир оваа сезона.