Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Двете генерации на ФК Вардар родени “2002“ и “2004“ година ги играат првите полуфинални натпревари во купот на Македонија
Двете генерации на ФК Вардар родени “2002“ и “2004“ година ги играат првите полуфинални натпревари во купот на Македонија

Двете генерации на ФК Вардар родени “2002“ и “2004“ година ги играат првите полуфинални натпревари во купот на Македонија

Претстојниве два дена, првите натпревари од полуфиналето на купот ќе ги одиграат генерациите на ФК Вардар родени “2002“ и “2004“ година.

Денес со почеток од 15:00 часот, во Охрид својот прв полуфинален натпревар кај генерацијата “2004“ ќе го одиграат екипите на Фер Плеј и Вардар. Анонимен и непознат противник за Вардар, со кој прв пат ќе играме оваа сезона. Избраниците на Игор Кралевски се неприкосновени во рамките на регионалната-скопска лига, каде имаат 15 победи од исто толку одиграни натпревари, што ги става во улога на фаворити во пресрет на полуфиналниот двомеч со противникот од Охрид.

Утре на програмата е првиот полуфинален дуел и кај генерацијата родени “2002“ година, во кој ќе се сретнат екипите на Вардар и Работнички, на теренот на Академијата со почеток од 10:00 часот. Ова ќе биде нивно четврто соочување оваа сезона, откако веќе одиграа три натпревари во рамките на првенството. Два од нив завршија со нерешен резултат (0:0 и 1:1) на кој Работнички беше домаќин, додека Вардар славеше на домашен терен со резултат 2:1. Да потсетиме дека овој противник е единствениот тим кој успеа да му одземе бодови на Вардар во оваа натпреварувачка сезона. Во лигата избраниците на Сашо Тодоровски имаат дури 18 победи и само 2 нерешени резултати ( двата во мечевите со екипата на Работнички) и без ниту еден пораз. Единствениот пораз до овој момент го имаат во рамките на реванш мечот од четвртфиналето на купот, кога во Куманово загубија од тимот на Еуроспорт. Работнички и Вардар играа во финалето на купот минатата сезона, кога на стадионот “Борис Трајковски“ по повторениот дуел славеше противникот.

Вардар оваа сезона има можност да го врати ударот, откако минатата сезона, токму Работнички беше освојувач на двојната круна во оваа возрасна генерација, што говори дека овие две екипи се најсилните кај генерацијата родени “2002“ година. Избраницие на Рап-Тап пред овој дуел одиграа одличен натпревар против Шкендија, кој го добија убедливо со резултат 5:1 во рамките на лигата, во која ја осигуравме шампионската титула, па сите погледи до крајот ќе ги насочиме кон освојување на националниот куп.