Денес на теренот на Академијата се одигра првиот полуфинален натпревар во рамките на купот, кај генерацијата родени “2002“ година. Во него се сретнаа екипите на Вардар и Работнички, а противникот со предност од 2:3 ќе го започне реваншот на нивниот терен.
По првото полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0, додека сите голови паднаа во вториот дел. Гостинската екипа успеа прва да го отвори резултатот и да поведе со 0:1, а вториот гол ист така падна во нашата мрежа, за зголемено водство од 0:2. Резултаска рамнотежа воспостави Азер Омерагиќ, кој го намали резултатот на 1:2, но во следните минути, тимот на Работнички ја враќа разликата од два погодоци и зголеми на 1:3. За да биде поинтересен реваншот на Алумина се погрижи по втор пат на денешниот дуел, Азер Омерагиќ кој го намали резултатот на 2:3, што беше и конечен на овој меч.
Ова беше прв триумф за Работнички во меѓусебните дуели со Вардар, во оваа натпреварувачка сезона. Ништо се уште не е загубено за избраниците на Тодоровски, кои ќе атакуваат на триумф на реваншот и ќе се обидат да стигнат до финалето на купот.