Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Фереира: Играв со посебна мотивација против Кил, сакав да му кажам „благодарам“ на Гисласон за шансата која што не ми ја даде
Фереира: Играв со посебна мотивација против Кил, сакав да му кажам „благодарам“ на Гисласон за шансата која што не ми  ја даде

Фереира: Играв со посебна мотивација против Кил, сакав да му кажам „благодарам“ на Гисласон за шансата која што не ми ја даде

Вардар направи голем подвиг против силен бундеслигаш   изминатиот викенд, актуелниот европски првак забележа победа во првиот четвртфинален меч против Кил в гости. Момците  на Раул Гонзалез со головите на Тимур Дибиров и Хорхе Македа во последните секунди победија со 28-29, по што   со минимална предност ќе го пречекаат реваншот во Скопје. Бразилскиот пикер  на македонскиот тим и поранешен играч на Кил,  Рожерио Мораес Фереира одигра на тој меч одлично, тој  со пет гола беше еден од најдобрите поединци во овој дуел. Токму он дава оценка на овој двомеч.

Мислам дека одигравме одличен меч, особено во првиот дел. На стартот од второто полувреме направивме грешки кои му дозволија на Кил да се врати во игра. Но, ние ја сочувавме концентрацијата и со многу среќа на крај и се радувавме на победата. Јас играв со посебна мотивација, бидејќи сакав да му кажам „благодарам“ на Гисласон за шансата која што ми ја даде во Кил. Тоа беше мојата прва професионална година во Европа, која беше тешка за мене, бидејќи немав такво искуство во мојот живот. Неколку години подоцна, ја освоив титулата во Лигата на шампионите со Вардар, а продолжив да напредувам со тренерот Раул, кој ми дава голема самодоверба“, изјави 24-годишникот. Очекувам голема борба и тежок меч, иако играме пред нашата публика. Салата ќе биде преполна и се надевам на максимална поддршка од фановите. Мислам дека играме подобро од минатата сезона, особено тоа се должи на истиот состав, што ни помогна да напредуваме тактички и технички. Неодамна ја освоивме СЕХА лигата, а сега се бориме за Ф4 во Келн. Ќе направиме сѐ во наша моќ да се избориме за место на завршниот турнир и да ја одбраниме титулата од минатата сезона.