Викенд е вистински празник за црвено-црната кошаркарска фела, во истиот КК Вардар става печат на титулата во втората лига. Ние како домаќини го пречекуваме КК Тетекс и ова е последен натпревар за оваа сезона, а веќе од следната ќе настапиме во кошаркарското првенство на Македонија како прволигаши.
Дуелот се игра утре, сабота 28.април со почеток во 18-00 часот во малата сала при СРЦ “Кале“- Скопје.