Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалез и и Стоилов: Не очекува тежок меч и несмееме да се опуштиме, Кил е квалитетен тим
Гонзалез и  и Стоилов: Не очекува тежок меч и несмееме да се опуштиме, Кил е квалитетен тим

Гонзалез и и Стоилов: Не очекува тежок меч и несмееме да се опуштиме, Кил е квалитетен тим

Ракометниот клуб Вардар е во  борбата за нов пласман на Ф4 турнирот во Келн и одбрана на европската круна. Предизвикот е бундеслигашки, ние  во недела во Скопје во 17-00 часот го играме реваншот против Кил. Веќе направивме “чекор повеќе“ кон Келн со победата во гости со  29-28. На денешната прес-конференција за овој дуел свои излагања имаа тренерот и капитенот на европскиот првак.

Ова ни е последен меч од Лигата на шампионите сезонава во Скопје. Имаме еден гол разлика од првиот натпревар и сметам дека овој резултат е добар. Сега играме дома и пред нашите навивачи. Сепак, не се опуштаме свесни сме дека Кил има квалитет. Има одлични ракометари кои ќе знаат да се снајдат и во Скопје. На првиот меч играа добро 3-2-1 одбрана, а за нас беше тешко да нападнеме против оваа одбрана. Моите ракометари се подготвени и сакаме уште еднаш да играме во Келн. Сите сметаат дека во Скопје ќе немаме проблем. Сите очекуваат од нас да победиме. Ќе играме под притисок, а свесни сме дека ќе биде тешко бидејќи имаме одличен противник за ривал- вели Раул Гонзалез.

Пред нас е  тежок натпревар против Кил в недела. Ни доаѓа еден од најдобрите клубови воисторијата н аракометот, имаме почит кон нив. Победивме таму, сѐ е тоа супер, но треба да заборавиме. Ова е второ полувреме,а пласманот во Кил е наша единствена опција. Играме дома, имаме поддршука, добро трениравме овие денови и одиме на победа- вели капитенот Стојанче Стоилов.