Утре, недела на програмата во Првата фудбалска лига е 31.коло, во истото ФК Вардар гостува во Кратово кај тимот на ФК Силекс. Дуелот се игра со почеток во 16-00 на Градскиот стадион во Кратово. Познати се делителите на правдата за овој натпревар.
Главен судија на оваа средба ќе биде Ставрев Александар (Скопје), на него во арбитирањето ќе му помагаат Кировски Марјан (Скопје) и Костадинов Дејан (Скопје). Четврти судија на дуелот е нивниот сограѓанин Стојчевски Игор.