Кугларите на Вардар вчера во Камник, Словенија одиграа силен меѓународен тест-натпревар со екипата на Калцит Камник. Нашиот домаќин беше учесник на првиот 8-мо септемвриски кугларски турнир оддржан лани во организација на нашиот Вардар.
Нашите момци имаа одличен прием, одиграа еден интересен натпревар со домаќинот. За нас настапи дуото Влаќевски-Димитровски на оваа средба. Стандардно и двајцата отидоа над бројката 600 на овој натпревар. Бојан Влаќевски имаше прв скор на дуелот со соборени 628 “дрва“. Нашиот претседател, Димитровски Димитар одигра исто така одлично онака како што сме навикнати од него. Тој имаше втор скор кај нас и третти на овој дуел од 12 куглари колку што настапија. Димитар собори 602 кегли на овој дуел. Иако резултатот не беше важен на овој пријателски дуел, домаќинот забележа победа со 6-2. Вардарци соборија вкупно 3338 “дрва“.