Вчера во салата “Кале“ во Скопје се одигра младинското ракометно дерби помеѓу РК Вардар како домаќин и тимот од Битола, екипата на РК Пелистер. До реми во еден возбудлив дуел со машка игра дојдоа момците на Чивлачки и Грчевски, тие останаа непоразени во групата и по овој дуел, мечот заврши 35-35. По ова последно коло ние само го потврдивме сигурниот пласман на Ф4 турнирот и битката за злато.
