Викендов се навршија 4.години откако група ентузијасти, активни куглари и тренер во овој спорт од кој дел од нив дел од поранешниот кугларски клуб Вардар ( од с.д.Вардар) решија светото црвено-црно име да го вратат на кугларската мапа. Така повторно да се “роди“ колектив со шесте свети букви ВАРДАР.
Со формирањето на КК Вардар 2014 се оствари таа идеја. Клубот во ваков, нов формат фунционира успешно четири години. За време на истите со многу труд, желба и залагање пред се на раководниот двоец Димитар и Дарко Димитровски заедно со стручната помош на тренерот и нивни татко, Драги клубот забележа серија успеси и се етаблираше на кугларското небо.
Купот на РМ во куглање е дефинитивно најсветлата точка како натпреварување за црвено-црните, тука нема простор за дискусија. Во оваа категорија нема екипа која може да ни конкурира. Во последните три сезони ( во оваа поради бојкот кон федерацијата не учествувавме) дури двапати пехарот беше освоен од Вардар. Една титула им припадна на “пумпашите“, а сите други екипи немаа прилика да се радуваат на овој куп трофеј. Посебна гордост за црвено-црните е ова натпреварување каде во трите години учество имаат двојно повеќе пехари од неприкосновениот владетел во македонското куглање деценија и пол наназад, Макпетрол. Во својата прва сезона кога се играше ова натпреварување во еден ден, односно сите екипи настапија во иста куглана на крајот од денот, се случи чудо. Вардар беше на врвот, првак со најдобар скор, тоа беше “ветер в грб“ за овој колектив кој само прва година беше заедно и прва година беше на кугларската мапа. Годината потоа титулата им припадна на сино-жолтите.
Минатата сезона вардарци најавија дека повторно ќе го нападнат овој пехар, по квалификациите тие беа први. Во полуфиналето ја исфрлија во двомеч битолска Хераклеа. Дојде и финалето каде што Макпетрол беше апсолутен фаворит, ние на полусезоната бевме додатно ослабнати со заминувањето на Влаќевски (еден од најдобрите двајца играчи на црвено-црните) и се очекуваше лесен триумф. Во кугланата “ВИП“ на меч на кој беше и нашата редакција сите очекуваа победа на противниот, слободно може да кажеме покрај нив и нашите момци беа помирени со тоа. Единствено нашиот тренер Димитровски Драги беше оптимиста и немислеше така. Постави одлична тактика, избра парови за да дојде до изненадување. По првите четири играчи тоа и се случи, 4-0 водеше Вардар останаа клучните два дуела. Димитровски Дарко и Младен Донковски стапија на сцена, кога беше најтешко, изгинаа. Вардар не само што дојде до победа туку пехарот го зграби на доминантен начин, со висока победа од дури 7-1 над фаворитот. Пофалбите беа излишни по дуелот, победи колективот, срцето црвено-црно и желбата за надигрување. Оваа натпреварување дефинитивно му лежи на Вардар, сите момци одиграа одлично, треба да се потенцира Згонц кој во квалификациите и финалето одигра над нивото што го игра во МКЛ. Инфо од финале види- тука
Кога е во прашање поединечното државно првенство во 2016 година на истото земаа учество двајцата најдобри играчи на Вардар, Димитар Димитровски и Бојан Влаќевски. Како и што се очекуваше од нив тие се прошетаа до финалето. Имаа одлични настапи и како први двајца по двата квалификациски круга влегоа во полуфиналето во кое на мегдан имаа двајца одлични куглари од тимот на Макпетрол. Бојан и Диме во истото забележаа победи и обезбедија “братско финале“. Истото беше обоено црвено-црно, во последната етапа Влаќевски се закити со злато, а Димитровски дојде до сребро. Таа година Вардар беше апсолутен победник бидејќи финалистите беа црвено-црни. Оваа сезона играчите на Вардар не земаа учество во ова натпреварување. Овие двајца играчи беа ударно дуо на вардаровиот тим, во сезоните кога играа за нас секогаш на листите на поединечни просеци на крајот од сезоната беа на позициите еден-два, тоа го повторија и во Хрватската лига- види. Сега играат заедно во Хрватска каде сезонава својот тим го вратија во елитата- види!
Кога станува збор за МКЛ, македонската кугларска лига тука Вардар е неприкосновен на “сребрената“ позиција, за четири години постоење исто токлку пати бевме вице-прваци. Завршувавме секогаш зад шампионот Макпетрол, најбогатиот и најдобро екипираниот тим во земјава, и секогаш бевме пред сите други учесници во лигата. Ако некоја вицешампионска титула треба да се издовои дефинитивно е овогодинешната во сезоната, 2017/2018. Во истата влеговме со доста изменет ростер, во тимот повеќе не беа тројца клучни имиња кои беа дел од првите сезони, Димитровски Димитар, Влаќевски Бојан и Младен Донковски. Сезоната беше долга освен ние на таа позиција атакуваа речиси сите учесници во лигата. Како најголем ривал како минуваа колата се истакна годинава одличниот тим на КК ГТЦ Мусандра.
И кога беше најтешко во клучниот третти меѓусебен дуел кој го игравме на нивни терен ( по првите два имавме по една гостинска победа) се издигнавме како феникс од пепелот. Победивме в гости со 2,5-5,5 и дојдовме до “среброто“. Огромен успех за црвено-црните се четирите вице-шампионски круни бидејќи тоа е тим на ентузиасти кои играат од срце за Вардар и се даваат 100% и покрај работните обврски кои ги имаат во приватниот живот, како играчите така и раководите лица.
Моменталниот ростер е следен: Димитровски, Ристевски, Поп-Крстев, Згонц, Димовски (к), Митиќ, Гиевски, Тодоровски и Стојановски.
Претходно во нашиот тим во овие четири години беа членови: Димитровски Димитар, Влаќевски Бојан и Младен Донковски, Дане Јакимовски и Дарко Димовски.
На тренерската позиција неприкосновен е Драги Димитровски, тој овие четири години го водеше тимот на само негов типичен начин. Со голема мотивација, чести тактички замки за противниците, одлично и маестрално.
Покрај сениорскиот тим две години во рамки на црвено-црните фунционираа и јуниорската екипа на Вардар. Младите момци тренираат и напредуваат во вештините на овој спорт. Тие се под будното око на Димитровски Драги кој ги уведува во овој спорт. Членови на јуниорската екипа се: Костадиновски Матеј, Љупчо Митиќ и Мартин Митиќ.
Вардар со успесите во домашната лига и Куп обезбедуваше места во европските купови. Првата сезона од постоењето бевме дел на НБЦ-купот се одржа во Австрија. На овој европски кугларски собир зема учество и нашиот црвено – црн кугларски колектив. За КК Вардар ова беше деби на европска сцена и веднаш добар резултат пласман во првата половина од 24 учесници на истиот, поточно завршивме на 10 место оставајќи зад себе 14 екипи со послаб пласман од нас. Покрај екипниот забележителен резултат и во поединчно имаме еден убав резултат, а тоа е пласманот на Бојан Влаќевски, тој се најде во топ-10 листата на завршениот турнир.
Во втората сезона заминавме за Италија, каде во се одиграше најквалитетното кугларско натпреварување “Светскиот куп“, тоа беше собирот на најдобрите 14 екипи на планетава. Вкупно се соборени на овој “Светски куп “ црвено-црните соборија 3473 “дрва“. Тоа беше доволно за 11 место, за жал САМО 39 “дрва“ ни фалеја за 8-та позиција која ќе не водеше во Лигата на шампионите. Тие овој настап го оценија тогаш како успешен, и велат дека настапот е според очекувањата. Се играше во два дена во првиот Димитровски Димитар со 612 “соборени дрва“ беше одличен, вториот ден блесна брат му Дарко кој впиша скор 593.
Покрај тоа успешно за првпат беше реализиран вардаровиот силен меѓународен кугларски турнир “8-ми Септември”, на кој настапија реномирани екипи и еминентни куглари од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, како и од Македонија претставена од кугларите на Вардар. Вардарци имаа визија и за овој турнир, го обмислија и реализираа со многу труд, желбата е истиот да стане традиционален. Фотки од свеченото отварање -овде, апак видео од целиот турнир во продолжение.