На теренот на фудбалската Академија на Вардар во Скопје денес се одигра дуел од 19.коло во младинската лига. Во истиот момците предводени од Бабунски, младинците на ФК Вардар ја пречекаа екипата на ФК Ренова од Тетово. Црвено-црните доминираа и со по три гола во двата периода победија со резултат 6-0 (3-0).
Тренерот Бобан Бабунски мечот го стартуваше со следните 11 играчи: Петковски, Наумчевски, Младеновски, Велковски, Адем, Ибиши, Маркоски, Реџепи, Дишлиевски, Тасев, Јахја.
Нападнавме на овој дуел по првата судиска свирка, веднаш забележавме шанса преку Џемаил Ибиши чии удар го одбрани голманот на гостите Исени Ариан. Нашата офанзива рано вроди со плод, Марковски Дејан шутна силно, голманот на сино-белите неуспеа да ја скроти топката истата се одби до Али Адем кој немилосрдно погоди за предност од 1-0. Веднаш потоа одличен соло-продор имаше Јахја Абдулхади, се ослободи од целата одбрана на “гипсарите“ и поземја силно го удвои водството, тој погоди за наша предност од 2-0 на овој дуел. Истиот играч потоа повторно имаше прилика, сепак одбраната беше побрза во реакцијата и неуспеа да реализира. Ибиша Џемаил излезе сам на сам со голманот на ривалот, шутна силно по земја сепак со крајни напори противничкиот голман исфрли во корна. Нашата офанзива беше постојна, ривалот во првиот дел не се закани ниту еднаш сериозно кон нашиот гол. Повторно кај нас на сцена стапи денес одличниот Јахја Абдулхади, тој со удар од 25.метра силно ја затресе мрежата, погодувајќи во горниот лев агол од голот на сино-белите. Тоа беше последно возбудување во првиот дел, со овој резултат 3-0 се замина на одмор.
Во вториот дел тренерот Бабунски им даде шанса, на играчите од клупата: Андов, Џуклевски, Манасиевски, Китановски и Хасановиќ. Прва прилика имаше Јахја Абдулхади која не ја претвори во погодок. Потоа одлично аситираше со диагонална топка Али Адем до Ибиши Џемаил кој по земја погоди за 4-0 во 58.минута од овој младински дуел. Ние постојано напаѓавме па успеавме додатно да го зголемиме водството, на прва од десниот агол асистираше Јахја Абдулхади до Малик Хасановиќ кој од десетина метри силно стрелаше по земја за “петарда“, ние поведовме со неговиот погодок со високи 5-0.
Имавме големи четити прилики во продолжение, Наумчевски Стефан во првата од дистанца се обиде. Во втората Џуклески Иво погоди крај голот на гипсарите, во следната Реџепи Фитор шутна над гредата. Во последната нереализирана прилика Малик Хасановиќ силно шутна крај голот. Во предпоследната минута со гол од дистанца изненадувајќи го голманот Исени Ариан, печат на дуелот со погодок за 6-0 стави Јахја Абдулхади.