Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Познат составот за Куп дуелот со Слога
Познат составот за Куп дуелот со Слога

Познат составот за Куп дуелот со Слога

ФК Вардар денес го игра последниот официјалне дуел во 2017 година, тоа е реванш натпреварот од 1/8 финалето од Купот против Слога. Мечот  се игра на стадионот во Ѓорче Петров, поради немање услови на стадионот „Чаир“. Ние формално сме гости на овој натпревар, во кој бркаме победа по одиграните 1-1 како домаќини на истиот терен. За нас овој дуел ќе го играат:

На голот на нашиот тим ќе биде Филип Гачевски. Во одбраната на нашата екипа Тодор Тодороски како десен бек, Висар Муслиу и Дарко Велковски се на стоперските позиции, а на левата страна оди Евгениј Новак.

Во средниот ред Никола Глигоров и Бобан Николов како двајца последни играчи за врска, и Хуан Фелипе во офанзивниот дел од средниот ред. Нападот на „црвено-црните“ ќе биде сочинет од Тигран Барсегјан, Дејан Блажевски и Максим Максимов.

На клупата за резерви шанса ќе чекаат: Игор Алексовски, Вања Марковиќ, Бојан Колевски, Бесир Демири, Филип Стојчевски, Бесар Исени, Петар Петковски.

kup