Помладите пионери на ФК Вардар, денес во првото пролетно коло беа домаќини на тимот од Прилеп, екипата на ФК Победа. Црвено-црните момци дојдоа до триумф по пресврт со резултат 3-1 (0-1) на дуелот одигран на теренот со вештачка трева на Тренинг центарот на црвено-црните.
Вардар: Краљевски Максим, Крстевски Дамјан, Ајетовиќ Нуман , Миовски Александар , Јанкоски Драган , Порчу Димитар, Николовски Марко, Лефковски Давор, Танчев Михаил, Гаштаров Матеј и Коловски Стефан.
Првиот дел започна доста резервирано од двете екипи, немаше шанси за одбележување во воедниот период. Тимот кој ни беше гостин се обиде со висок пресинг да наметне своја игра, делумно успеа во тоа и создаде шанса за гол. Во 33.минута тие поведоа со 0-1, а ние моравме да ја менуваме играта. Во финишот Гаштаров беше во налет, но одбраната на ривалот успеа да расчисти пред него и не му дозволи да изедначи. Ја подобривме играта во последните десеттина минути, немавме конкретни шанси сепак најавивме дека во вториот дел ќе бидеме ние тимот кој ќе има посед и ќе прави шанси. Тоа подоцна се оствари, сепак на одмор моравме да заминеме со негатива од еден гол, односно со резултат 0-1 за противникот заминавме на 15.минутна пауза помеѓу двата периода.
Вториот дел беше сосема друга приказна, момците на Јанев доминираа по првата судиска свирка. Тргнавме офанзивно, „гризавме“ за секоја топка. Веќе во 53.минута Ајетовиќ Нуман со „ремек дело“ донесе реми 1-1, изведе корна топката ја доби назад и со удар од 25.метра откосо мајсторски изедначи. По само 15.минути во вториот дел ние веќе бевме во водство, стрелецот на првиот гол повторно дојде до топката во казнениот простор, мајсторски се ослободи од противниците и стрелаше за 2-1. До крајот ние трагавме по нов гол, противникот ниту еднаш не се закани опасно кон нашиот гол. Стефан Коловски имаше две прилики за гол, првата не успеа да ја претвори во погодок. Во втората со силен удар од дистанца донесе предност 3-1, резултат кој се покажа како конечен. По голот ние исто така игравме на противничката половина на тимот од Прилеп, целосно неутрализирајќи ги нивните обиди да направат било каква игра со која може да се заканат.
Во вториот дел во игра кај црвено-црниот помлад пионерски тим влегоа тројца момци, Брзаковски, Цониќ и Николов. Ова беше десетта победа сезонава за помладите пионери, со која остануваат на врвот на табелата.