Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Младинските екипи на ФК Вардар овој викенд на “мегдан“ со Македонија ЃП
Младинските екипи на ФК Вардар овој викенд на “мегдан“ со Македонија ЃП

Младинските екипи на ФК Вардар овој викенд на “мегдан“ со Македонија ЃП

Дефинитивно по едно одложување, оваа  сабота стартува сезоната во првенството на младинските фудбалски категории. Активни ќе бидат  кадетите и младинците  и пионерските екипи на ФК Вардар. Повозрасните се домаќини, а помалите ќе гостуваат кај екипата на Македонија Ѓорче Петров.

Натпреварите  на повозрасните ќе се одиграат во сабота на теренот во населбата Јане Сандански, со почеток од 10 и 12 часот. Минатата сезона, кадетите и младинците на Вардар завршија на второто место на првенствената табела, така оваа сезона се надеваме дека ќе одиме едно скалило погоре и ќе се обидеме да стигнеме до шампионската титула. Кадетите ќе бидат предводени од Златко Таневски, додека тренер на младинците е Ане Андовски. Квалитетот и домашниот терен се на страната на вардарци, кои се надеваме дека ќе имаат добар старт и со три бодови на своето конто ќе ја започнат новата натпреварувачка сезона.

Пионерските екипи гостуваат во недела, тие ден по повозрасните на теренот во Ѓорче Петров ќе ги одиграат своите дуели. Генерацијата родени “2002“ година која минатата сезона стана шампион на Македонија, сега ќе се натпреварува во пионерската лига, а нивни тренер ќе биде Игор Кралевски. Дебитантска сезона во првенството ќе имаат и генерацијата родени “2003“ година, кои ќе настапуваат како помлади пионери. Истава генерација претходните две сезони успеваше да стане шампион во регоналната-скопска лига и еднаш да го освои националниот куп. Филип Деспотовски доби шанса да биде тренер на оваа екипа.