Во третиот контролен натпревар избраниците на Горан Стојиќ ја забележа втората победа. Вчера во Бугарија(Софија), Македонската репрезентација до 18 години одигра пријателски натпревар со младинската селекција на Казахстан(21) и победи со резултат 2:0. Дин Аломеровиќ кој настапува за младинците на Фк Вардар беше стрелец на еден од погодоците. Петар Петковски одигра цел натпревар за својата селекција во која и ја носи капитенската лента.
По првото полувреме беше 0:0, во вториот дел квалитетот дојде до израз и шансите беа претворени во погодоци. Ова е втора победа од одиграни три пријателски натпревари за оваа репрезентација, која во изминатиов период беше активна со своите настапи. Претходно еднаш ја совладавме селекцијата на Шведска (3:2) и еднаш бевме поразени (0:1).