Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Комплетна анализа, преглед, статистика и стрелци за кадетите на Фк Вардар, во есенскиот дел од сезоната
Комплетна анализа, преглед, статистика и стрелци за кадетите на Фк Вардар, во есенскиот дел од сезоната

Комплетна анализа, преглед, статистика и стрелци за кадетите на Фк Вардар, во есенскиот дел од сезоната

Кадетите на Фк Вардар го завршија есенскиот дел од сезоната на четвртото место на табелата. Избраниците на Влатко Колев забележаа вкупно седум победи, еден нерешен резултат и три порази. Оваа генерација одлично ја започна и отвори сезоната со триумф во градското дерби и тоа на гостински терен против екипата на Работнички. Следуваа уште три нови победи во лигата, се до одигрување на петтото коло кога го забележаа првиот пораз на гостувањето против Шкендија. Не успеавме уште да освоиме бодови на гостувањата во Струмица и Железара, против екипите на А. Пандев и Металург. Двата натпревари ги загубивме минимално, иако конечните резултати на тој дуел не беа реални според играта и шансите за постигнување на голови. На тие мечеви нашите кадети немаа среќа, иако во најголем дел имаа нерешени резултати. Сите натпревари кои ги одигравме на домашен терен ги добивме во своја корист. Гол разликата на крајот од првиот дел на сезоната изнесува 20 постигнати и 9 примени погодоци.

Ви ги презентираме сите нивни резултати во првиот дел од сезоната:

1. коло. Работнички- Вардар  1:2

2. коло. Вардар- Победа  3:1

3. коло. Пелистер- Вардар 0:1

4. коло. Вардар- Еуромилк  3:1

5. коло. Шкендија- Вардар 2:1

6. коло. Вардар- Шкупи 3:1

7. коло. А. Пандев- Вардар 2:1

8. коло. Вардар- Македонија Ѓ.П  2:0

9. коло. Металург- Вардар  1:0

10. коло. Вардар- Ренова  4:0

11. коло. Милано- Вардар 0:0

Првата пречка во националниот куп успешно и без поголеми проблеми ја поминавме. Противник во 1/4 рунда беше тимот на Младост од Охрид, кој доживеаа високи порази и на двата меча.

1/4 куп: Младост- Вардар 1:4

1/4 куп: Вардар- Младост 4:0

Листата на најдобри стрелци, ја предводи Дејан Маркоски. Ова се бројките на голови на сите играчи кои настапуваат за кадетите. Бројот на постигнати голови е во двете домашни натпреварувања.

1. Дејан Маркоски 5 ( 4-првенство, 1-куп)

2. Дамјан Менкиноски 4 ( 3-првенство, 1-куп)

3. Александар Трајчевски 4 ( 2-првенство, 2-куп)

4. Кирил Китановски  3 ( сите во првенството)

5. Никола Серафимов 3 ( 2-првенство, 1-куп)

6. Дамјан Петревски 2 ( првенство)

7. Михаил Геговски 2  ( 1-првенство, 1-куп)

8. Филип Таневски 2 ( куп)

9. Јакуп Бериша, Блажен Тодоров, Христијан Стојчевски по 1 гол во првенството.

Лидер на табелата во кадетската лига е екипата на Металург. Вардарци во вториот дел влегуваат со шанси за пласман на првото место на табелата. Моменталниот изглед на табелата, на првите шест пласирани екипи е следниов:

1. Металург 27

2. Работнички 24

3. Шкендија  23

4. Вардар  22

5. Милано  21

6. Академија Пандев 20