Македонската фудбалска репрезентација до 16 година во наредниве три дена ќе одигра два пријателски натпревари со соодветната селекција на Бугарија. Мечевите ќе се одиграат во Благоевград денес и во петок и истите ќе започнат од 15 часот.
Селекторот на Македонија, Горан Станиќ го одреди списокот на играчи на кои ќе смета за овие контролни натпревари. На него се најде и Матеј Андов, голманот на помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар. Тој е единствениот играч од Вардар, кој доби повик за настап на пријателските мечеви со Бугарија.