Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Андов и Димоски дел од фудбалската репрезентација до 16 години, за контролните натпревари против Ерменија
Андов и Димоски дел од фудбалската репрезентација до 16 години, за контролните натпревари против Ерменија

Андов и Димоски дел од фудбалската репрезентација до 16 години, за контролните натпревари против Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години во сабота и вторник на тренинг центарот “Петар Милошевски“ ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Ерменија. Овие мечеви ќе бидат како подготовка за квалификацискиот турнир кој во месец октомври ќе се одигра во Скопје, на кој покрај нашата селекција ќе се натпреваруваат и Словачка, Молдавија и Босна и Херцеговина.

За натпреварите против Ерменија, селекторот Горан Станиќ повика двајца играчи од фудбалскиот клуб Вардар. Се работи за голманот Матеј Андов и Бојан Димоски кои настапуваат за нашите помлади пионери. До почетокот на квалификаците репрезентацијата ја очекува и развоен турнир во април каде ќе ни гостуваат националните тимови на Романија, Израел и Лихтенштајн. Во мај ќе играме две средби со Азербејџан, а во април ни гостува Кипар.