Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Лео Андрески: Проект како “Јуниор“ лигата е за почит, бидејќи им овозможува на многу деца да го остварат својот сон и да заиграат за ФК Вардар
Лео Андрески: Проект како “Јуниор“ лигата е за почит, бидејќи им овозможува на многу деца да го остварат својот сон и да заиграат за ФК Вардар

Лео Андрески: Проект како “Јуниор“ лигата е за почит, бидејќи им овозможува на многу деца да го остварат својот сон и да заиграат за ФК Вардар

Пред нас е есенскиот дел во лигата на сите младински категории. За прв пат оваа сезона, генерациите родени “2002“ и “2003“ година добија шанса да се натпреваруваат во посебна регионална скопска лига. Овие генерации на фудбалскиот клуб Вардар со успех го завршија есенскиот дел од натпреварувачката сезона. Избраниците на Томче Трајановски станаа есенски шампиони, откако забележаа десет победи од исто толку мечеви колку што одиграа. На почетокот на сезоната, Вардаровата генерација “2003“ ја засилија неколку нови играчи, а еден од нив е Лео Андрески. Ова момче дојде преку настапите во “Јуниор“ лигата од фудбалската школа Еврофудбал од Охрид. Лицата задолжени за овој голем проект не погрешија кога решија да го доведат ова надежно момче во Вардар. Лео уште во првите свои месеци како член на Вардар покажува одлични игри, кои ги круниса со приматот на трет најдобар стрелец во есенскиот дел од сезоната, со вкупно 9 постигнати голови. Во наредново интервју ве запознаваме целосно со Лео Андрески, кој ќе ни раскаже нешто повеќе за себе, за неговите почетоци во фудбалот, доаѓањето во Вардар, мислењето за “Јуниор“ лигата и за настапите во екипата на Вардар.

1. Како се случи да се занимавате со фудбал. Дали овој спорт беше ваша прва желба и што најмногу ве потикна да се одлучите за овој спорт ?

-Фудбалот го сакам уште од бебе. Најомилена играчка ми беше фудбалската топка. Затоа и мојата прва роденденска торта беше фудбалер на чиј дрес беше напишано моето име и бројот 10. Уште во градинка со неколку мои другарчиња бевме познати по тоа што наместо да спиеме ние игравме фудбал во дворот на градинката. Желбата за овој спорт кај мене се роди уште од тогаш. Таа желба кај мене ја препозна и мојот татко кој е професор по спорт и спортски активности. Фудбалер а тогаш и тренер на повозрасни категории на фудбалери кој често ме носеше на неговите тренинзи за да гледам. Но јас наместо да гледам, само на 5 годишна возраст сакав да играм па тоа беше пресудно по некое време да ме зачлени во ФК Еврофудбал Охрид.

vardarfans-evrofudbal

2. Во кој клуб беа вашите први почетоци и под водство на кој тренер ?

-Моите први почетоци се во ФК Еврофудбал од Охрид под водство на тренерот Ацо Велјаноски, со кого растев и од кого научив што навистина значи фудбалот и затоа сум му неизмерно благодарен.

3. Како Лео ја гледа фудбалската игра и дали има посебна визија за успех во фудбалот ?

-Фудбалската игра за мене е игра во која владее тимски дух, другарство, дисциплина и соработка. Посебна формула за успех во фудбалот освен талентот е упорност, посветеност, дисциплина, пожртвуваност и работа и само работа. Тоа е мојата визија за успех.

vardarfans-tekst

4. Како се случи да преминете во Вардаровата генерација родени “2003“ година. Едно ваше мислење за проектот “Јуниор“ лига, преку која вие успеавте да стигнете во Вардар. Колку една ваква лига може да има значење за вас младите ?

-Проектот “Вардар Јуниор Лига“ е за поздравување. Овој проект и одговорните лица кои се најзаслужни за неговата реализација овозможува сонот на многу деца од цела Македонија да стане јаве. Преку овој проект се организираат меѓусебни натпреварувања на децата од повеке школи од различни градови каде секое дете може да покаже што знае и умее. Тука се и стручните лица кои ги следат сите тие натпреварувања и ги препознаваат најдобрите на кои им даваат шанса да се доусовршат. Благодарение на овој проект се организираа и кампови во Дојран и во Охрид на кои учествував и јас со мојот клуб и благодарение на тоа бев препознаен од одговорните лица на овој проект кои ме поканија да играм за најпрестижниот клуб во Македонија-ФК Вардар .Благодарност до целиот стручен тим на ФК Вардар што ми овозможи да го сонувам мојот сон со отворени очи. Вакви проекти се за почит бидејќи на многу деца им овозможуваат да си го остварат сонот. Многу е убаво кога деца од цела Македонија функционираат како едно семејство. Нека продолжи реализацијата на овој проект чија цел е да не научи да бидеме сплотени, да другаруваме, соработуваме и да победуваме.

5. Што претставува за вас играњето во Вардар и на што ве асоцира кога ќе слушнете за овој клуб ?

-Огромна благодарност до целиот стручен тим на ФК Вардар кој ми овозможи да бидам дел од ФК Вардар. За мене носење на црвено црниот дрес е огромна чест, привилегија,одговорност, но и поттик за максимално залагање за да ја оправдам довербата што ми е дадена.

vardarfans-gener-20031-660x330

6. Со Вардар станате есенски шампиони со максимален број на освоени бодови и се пласиравте во полуфиналето на купот. Ккао ја видовте изминатата полусезона ?

-Нашата генерација 2003 е есенски шампион со максимален број на бодови и се пласира во полуфиналето на Купот на Македонија. Изминатава полусезона одигравме одлично. Секој даде се од себе и целиот тим функционираше како едено, но тука не застануваме. Оваа признание е мотив плус да тренираме за да ја оправдаме титулата и да го освоиме националниот куп.

vardarfans-leo-andreski

7. Како се вклопивте во новата средина и клубот, со оглед дека сте трет најдобар стрелец на Вардар во есенскиот дел од сезоната ?

-Иако е моја прва сезона во црвено црниот дрес јас одлично се вклопив во семејството на ФК Вардар. Најзаслужен за тоа е мојот тренер Томче Трајановски кој со своето огромно искуство ми овозможи да се чувствувам како дома, а тука секако се и моите соиграчи кои ме прифатија како дел од големото семејство. Благодарение на советите на мојот тренер Томче и соработката со моите соиграчи сум трет најдобар стрелец што за мене е огромен успех.

8. Какви планови имате зацртано за понатаму. Дали сте размислувале на таа тема ?

-Јас во иднина би сакал да бидам дел од првиот тим на ФК Вардар и зошто да не и дел од репрезентацијата на Македонија. Дотогаш ке продолжам да работам посветено и да го живеам мојот сон.

Звонко Ивановски

vardarfans-gener-2003