Довчерашниот играч на фудбалскиот клуб Вардар, Филип Антовски се пресели во екипата на Динамо Загреб. Младиот талентиран лев бек ќе тренира и настапува за вториот тим на Динамо Загреб.
Антовски се најде меѓу 32 играчи кои во наредниов период во Умаг ќе одиграат четири контролни натпревари, сите против словенски екипи. Антовски ќе се докажува во вториот тим, од каде ќе ја бара шансата за настап во првиот тим.