Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Филип Антовски: Од негатива се вративме со поголема претпазливост и поколективна игра

Филип Антовски: Од негатива се вративме со поголема претпазливост и поколективна игра

Дури по изведувањето на удари од белата точка, пионерите на фудбалскиот клуб Вардар успеаа да се пласираат во осминафиналето на купот од Македонија. Во текот на вчерашниот ден црвено-црните одиграа дуел со екипата на Металург во ова натпреварување. Победникот беше решен дури по изведување на удари од белатата точка, откако во регуларниот дел натпреварот заврши со нерешен резултат 1:1. Металург беше прв кој го отвори резултатот на овој меч и со водство од 1:0 го заврши првото полувреме. Во вториот дел израмнивме со голот на Александар Георгиески. По изведување на пенали бевме подобри. Капитенот Елвир Рамиќ, Јакуп Бериша, Александар Ѓорѓиески, Филип Антовски, Марко Стојчески беа сигурни реализатори во пенал рулетот. Нашиот голман Методија Велковски успеа да одбрани еден удар на противникот, што беше доволен за славје и пласман во следната рунда во ова натпреварување.

-На вчерашниот натпревар одигравме добро, задоволен сум од победата, но сигурен сум дека можеме многу подобро. Од негатива се вративме со поголема претпазливост и поколективна игра. На досега одиграните мечеви во лигата покажавме многу добра игра со голема желба и мотив за успех. Одлично се вклопив во новата средина, бидејќи бев добро прифатен од моите соиграчи. И во оваа сезона се надевам дека ќе ја одбраниме двојната круна, изјави Филип Антовски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски