Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Асани за Вардарфанс: Очекувам да направиме успех во Европа

Асани за Вардарфанс: Очекувам да направиме успех во Европа

Младиот офанзивец на црвено-црните Јасир Асани имаше забележителен настап оваа сезона во вардаровиот дрес и допринесе со својте голови , асистенции и игри за освојување на оваа 9та титула . Покрај тоа неговата игра беше наградена со тоа што беше повикан за младинската репрезенација на земјава од селекторот Боби Милевски. Во изјава за нашиот сајт ги споделува својте оценки за изминатата сезона во ПМФЛ и за круната со која се закити нашиот состав по крајот на истата . Јасир Асани вели :

  • Многу сум среќен за прикажанато во изминатата сезона од моја страна, презадоволен сум од мојте настапи дадов се од себе за МОЈОТ ВАРДАР. Мојот максимум го дадов со цел да ја освоиме оваа титула . Среќен сум што на крај од сезоната титулата е во нашите раце . Ова за мене е прва титула и посакувам уште многу да освојувам во иднина .

Го прашавме како е неговото размислување за можните противници и шансите на црвено- црните момчиња  во квалификациите на лигата на шампионите во кој како шампион на Македонија нашиот ФК Вардар обезбедува учество .

За квалификациите во европската лига на шампиони можам да кажам дека има многу тешки можни противинци за нас , но кој и да ни падне ќе идеме да играме и да однесеме победа од истиот двомеч . Вардар има добра екипа која за секого ќе биде голем проблем без разлика на името на противникот и воедно цврсто верувам и чуствувам дека ќе направиме некаков успех во Лигата на Шампиониве оваа сезона .

Михајло Тушевски