Судбината на фудбалскиот клуб Вардар се уште е непозната. Денес е извршена ждрепката за новата сезона во првата македонска фудбалска лига, а не е познато со кој состав ќе настапуваат црвено-црните.
Додека трае оваа неизвесност, најдобриот стрелец на шампионот, Даниел Аврамоски ја одржува својата кондиција по падините на Водно.
Аврамоски заедно со неговиот соиграч од македонската репрезентација, Кире Аврамоски имаа кондициска подготовка.