Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Трета кариока во Вардар, Бала официјализиран на две години
Трета кариока во Вардар, Бала официјализиран на две години

Трета кариока во Вардар, Бала официјализиран на две години

Данило Бала Соуза Муниз и официјално е претставен како нов играч на ФК Вардар. Бала е крилен напаѓач и ќе биде третата кариока која ќе игра во Вардар сезонава. Бала важи за еден исклучително брз фудбалер со добри технички квалитети. Тој потпиша договор во важност од две години.

„Дојдов во најголемиот и најтрофејниот клуб во Македонија. Со своите настапи сакам да помогнам тимот да ја освои титулата во првенството. Среќен сум што дојдов во овој клуб кој што има славна историја. Знам дека минатата година тимот влезе во групната фаза од Лигата на Европа. Најсреќен би бил сега во четврток екипата да се пласира во следната фаза во четврток“, рече новото име во редовите на Вардар.

bala

„Среќен сум што ќе имам соиграчи од Бразил, меѓутоа најважно е и со сите од мојот нов клуб да функционирам добро. Очекувам брзо да се вклопам во екипата, да бидам добро прифатен од сите и заедно да направиме успех за клубот, и секако за нашите навивачи“, изјави Бала.